Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
03.09.2010   Оглас за дактилографи
Оглас за дактилографи
02.09.2010   Сметки на Основен суд Штип
Сметки на Основен суд Штип
02.09.2010   Судски преведувачи за Основен суд Штип
Судски преведувачи за Основен суд Штип
04.06.2010   Календар за судења 06/2010

Календар за судења 06/2010

26.05.2010   Kalendar za sudenja za 05/2010
Kalendar za sudenja za 05/2010
13.04.2010   Календар за судења 01.04.2010 - 30.04.2010

Календар за судења 01.04.2010 - 30.04.2010

15.03.2010   Zapisnik za javna nabavka toneri 2010
 

Врз основа на чл.100 од законот за јавни набавки, Комисијата за набавки од мала вредност при Основен суд Штип, Зоран Трнинков -Претседател, Катерина Петрова, соработник - член, Лепа Љубисавлевиќ, виш референт, советник - член, на ден 12.03.2010 година го состави следниот:



З А П И С Н И К

За разгледување на понуди



Основниот суд во Штип донесе одлука Су.бр.132/10 од 22.02.2010 година за набавка – поправка и одржување на компјутерска опрема.

Набавката да се изврши по пат на прибирање на понуди од најмалку три понудувачи, од кои набавувачот ќе ја избере најповолната понуда.


На барање на судот беа доставени шест понуди и тоа од:


  1. ДПТУ Фокус компјутери ДОО Штип

  2. ДПТУ Мултиграф компјутери ЈТД Штип

  3. ДПТУ Медиа принт ДООЕЛ Штип

  4. Дигит компјутери Штип

  5. Техника - Кавадарци

  6. ДПТУ Ентерпринт ДООЕЛ Штип


Претседателот на комисијата пристапи кон читање и евидентирање на елементите на понудите дадени во посебна табела.


Комисијата по внимателното разгледување и споредување на доставените понуди, како најповолна ја избра понудата на ДПТУ Ентерпринт ДООЕЛ Штип при што како критериум за утврдување на најповолната понуда беше земена пред се цената на стоката.



Основен суд Штип 12.03.2010 година




Комисија:


1. Претседател на Комисијата

Зоран Трнинков ____________


2.Член на Комисијата

Петрова Катерина____________


3.Член на Комисијата

Лепа Љубисавлевиќ___________


26.02.2010   Барање на понуди за полнење и нови тонери


Почитувани,


Ве молиме во понуда да ни ги доставите следниве информации:


За тонер за принтер

1) Канон 2900,

2) Епсон 6200,

3) Самсунг МЛ-1640,

4) фотокопер Канон 2018,

5) ХП 1100,

6) Лексмарк 260-ед


      • цена за полнење за 1, 3, 5, 10 парчиња;

      • цена за нови за 1, 3, 5, 10 парчиња, со назнака на производител и декларирани листови хартија кои треба да ги извади.




Понудите, во писмена форма, најдоцна до Среда, 10.03.2010 година доставете ги во затворен плик до Основен суд Штип, ул.„Ген.Михаило Апостолски“ бр.18, до Комисија за јавни набавки (за Зоран Трнинков) со назнака „Не отворај“.



Штип,

25.02.2010 година Зоран Трнинков


03.02.2010   Листа на информации од јавен карактер
 

 Основниот суд во Штип, врз основа на чл.8,9 и 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на ден 20.01.2010 година, ја објави следната:


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР


1.Основни податоци:

Назив:Основен суд Штип

Адреса:Ген.Михајло Апостолски бр.18-Штип

Контакт тел.032-393 -455

Факс:032-391-827

WEB страна:WWW.OSSTIP.МК


2.Службено лице за посредување со информациите од јавен карактер Лепа Донева-судски администратор.


3.Начин на поднесување на барањето за пристап до информации:писмено.


4.Трошоци за посредување со информации:

Увидот во бараната имнформација е бесплатен, а барателот на информацијата за добиениот препис, фотокопија или електронски запис, плаќа надомест во висиан на материјалните трошоци.


5.Трошоци за давање услуги на граѓаните:

Судските трошоци и такси се утврдени со Законот за судски такси (Сл.весник бр.114/09).


6.Прописи кои се однесуваат на надлежноста на организацијата на судот:

-Закон за судовите

-Судски деловник

-Закон за судска служба

-Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места на Основен суд – Штип.


7.Постапки за јавни набавки:Во моментот во Основниот суд во Штип ќе се спроведува постапка за јавна набавка.


8.Организација на судот:Основниот суд во Штип е основен за подрачјето на општините Штип, Карбинци и Пробиштип, со судско одделение во Пробиштип. Организацијата на судот ја сочинува: судска управа, кривичен оддел, прекршочно оделение, граѓански оддел, одделение за парнични предмети, тровски спорови, работни спорови, вонпроцесно одделение, платни налози и стечаи.


9.Издавање на информативни билтени и други облици на информации:Судот изготвува месечни, периодични и годишни за својата работа кои ги доставува до Судски Совет на РМ, Врховен суд на РМ, Министерство за правда и Апелациниот суд -Штип.

10. Други информации:Физичките и правните лица имаат право да добиваат други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на судот, доколку не се во спротивност со закон.


Начин на објавување:Листата на информации и одлуките кои судот ги донесува се објавуваат на Веб страната на судот.




ВД Претседател,

Стојан Михов

24.12.2009   Список на вешти лица
Список на вешти лица
12